„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Регистрирани два случаи со фотографирање на гласачко ливче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
policija-2-1

До 12 часот Министерството за внатрешни работи нема регистрирано нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето. Гласањето се одвива мирно, сооопшти на денешната прес конференција Билјана Милевска од Одделот за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

-До овој момент регистрирани се два случаи со фотографирање на гласачко ливче. Во 09.05 часот, на гласачко место во градинката „Лале- Срничка“ во општина Аеродром- Скопје, претседателот на избирачкиот одбор го забележал Р.Ѓ.(36) од Скопје како со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Р.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, во 11,40 часот, на гласачко место број 1515 во село Обршани, општина Кривогаштани, К. П. од село Обршани, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници се преземаат мерки за расчистување и на овој случај- рече Милевска.

— реклама —

Утрово во 06,11 часот во СВР Скопје било пријавено и дека на гласачкото место во основното училиште „Дрита“ во село Рашче била оштетена влезната врата, но избирачката комисија констатирала дека нема проблеми со избирачкиот материјал и гласањето започнало во предвиденото време без проблеми.

— реклама —

-Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните на мирен и достоинствен начин да го искористат своето гласачко право. Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде бескомпромисно санкциониран- рече Милевска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања