Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Регулаторна комисија: Додека трае кризата да нема исклучувања поради неплатени сметки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
paridenari1

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги информира дека останува во сила препораката до компаниите кои што се вршители на енергетски дејности, како и до јавните претпријатија што се даватели на водни услуги поради состојбата со пандемијата Ковит 19 да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и вода поради неплатени сметки додека трае вонредната состојба.

„Практично со ова известување сакам да им соопштам на граѓаните да бидат сигурни дека нема да има исклучување од струја, парно и вода додека вонредната состојба е на сила. Во исто време сакам да изразам благодарност до компаниите и јавните претпријатија чие работење е под надлежност на РКЕ кои веднаш позитивно одговорија на препораката и во овој периодот покажуваат солидарност и општествена одговорност кон потрошувачите“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

— реклама —

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е во разговори со компаниите да се изнајде најдобар модел за плаќање на сметките за режиски трошоци за март, април и мај се со цел да не им бидат на товар на потрошувачите.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања