Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Регулаторна одлучи - Дизелот поскапува за 0,50 денари, цената на бензините останува иста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Регулаторната комисија за енергетика штотуку ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Цените на бензините останаа исти, но цената на дизелот се зголеми за половина денар. „Еуросуперот“ од 95 октани ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар, а „еуросуперот“ од 98 октани по цена од 71,50 денар за литар.

Регулаторите меѓутоа ја зголемија цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари за литер. Така дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 62 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по цена од 52 денари за литар.

— реклама —
— реклама —

Малопродажната цена, пак, на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,163 дененари за килограм и ќе изнесува 35,343 денари за килограм.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања