Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Река изненаден: Нема општина со македонско мнозинство гласачи каде што не добив гласови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
reka

Блерим Река е задоволен од изборниот резултат. Вели, добил гласови во речиси сите општини дури и онаму каде мнозинското население е македонско. Кандидатот на Алијсанса за Албанците и БЕСА, Блерим Река, кој не влезе во вториот круг од претседателските избори, ги оцени изборите како фер, слободни и демократски, а нагласи дека нема доволна излезеност поради неажурираниот избирачки список кој брои околу 1,8 милиони гласачи иако, како што кажа, од земјава се иселени повеќе од 250.000 лица и реалниот број на гласачи е околу 1,5 милиони.

— реклама —

–Резултатот на изборите ги надмина нашите очекувања. Во сите општини со доминантно албанско гласање победив со размер од 3:1, а освоив гласови и во сите општини каде има македонско мнозинство. Нема општина со македонско мнозинство гласачи каде што не добив гласови. Освоените гласови ја делегитимираат политиката на албанските партии кои се во власта и покажаа со кого и за кого е народот. Тоа најавува политичка пролет во Македонија која ќе се цементира во идните предвремени парламентарни избори, потенцира Река.

— реклама —

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 99,57 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,83 отсто.Втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,25 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени 10,58 отсто од гласовите.

— реклама —

Изразено во гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 322,605 граѓани, за Силјановска-Давкова 318,247, а за Река 79,725 граѓани. Неважечки се 32,703 ливчиња

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања