Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

РЕКЕТ: Боки за Камчев пишува „Стока“, Јанева ја сликал во разни пози со евра во кревет, Лила чекала 45 минути во банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Комуникација меѓу лице потпишано како Васе и Бојан Јовановски преку телефонот на обвинетиот кој беше даден на вештачење се читаа во судницата на рочиштето за „Рекет“. Станува збор за комуникација со адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова кој беше споменат и во сведочењето на Ана Камчева.

— реклама —

Во комуникацијата се споменува и псевдонимот „мајка“, од која чекале да стигне нешто, не прецизирајќи за што станува збор.

Неофицијално, „мајка“ е кодното име на Катица Јанева, кое го употребувале Димишков и Јовановски кога зборувале за ексспецијална јавна обвинителка.

— реклама —

Во пораките се разменувале и документи од СЈО, односно мислења кои се давале до судот. Ваква порака испратил обвинетиот Јовановски.

„Се уште чекаат да стигне од кај мајка“, пишува во една од пораките испратени од Васе кон Бојан Јовановски, а потоа преку нова порака пишува „Извини, може ли да ка ја потсетиме мајка?“

Двајцата договарале низа средби преку пораки на телекомуникациски апликации. Меѓу пораките, има и таква со содржина “Со мајка сме на пат, не можам да зборам”.

Комуникациите се во 2018 и 2019 година, а во април минатата година Димишков му пишува на Јовановска: „Да, се видиме, има нешто ново за кај мајка“.

Од комуникации, има и пораки испратени од Лила Стојановска до Јовановски: „Боки овие у банкава не можат ‘ибан’ на Владо. Ќе го прашаш ти зошо висам 45 минути овде“.

„Сега кај Уранија дојде Камчев кај Савова“, пишува Лила Филиповска, а Јовановски вратил „Стока“.

Банкноти од по 500 евра, во снопче на кои стои назнака „НЛБ Тутунска банка”, и Катица Јанева на сликата е презентирана пред судот, а таа е направена на 04.02.2019 година во нејзиното престојувалиште каде што беше уапсена, по отворањето на предметот „Империја“.

Низа од фотографии беа презентирани од обвинетата Катица Јанева. Дел од нив се направени во нејзиното престојувалиште во Скопје, но и во просториите на СЈО каде се гледа како држи документ кој подоцна при претресот во нејзината канцеларија е одземен од Обвинителството за гонење организиран криминал и е дел од доказите. Јанева на фотографиите најчесто седи на гарнитурата која исто така е одземена од нејзиното престојувалиште, при нејзиното апсење.

Пред Јанева на масичката, освен парите има и слатки, пепелотресник, цигари.

Меѓу фотографиите кои се докази, ја има и Катица Јанева фотографирана во ресторан „Ден и ноќ“ како се труди да стави плик во во ташна.

Се презентираа и снимки, на кои Јанева вели „Што ќе одлучи ќе видиме“, додека пред неа стои снопчето од пари во апоени од 500 евра.

Снимките и сликите се извадени од телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски, со вештачење направено од МВР.

По презентирањето на доказите, Јовановски пред судот кажа дека истите се небитни и дека не се поврзани со диспозитивот од обвинението.

Во телефонот на ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева се пронајдени дел од фотографиите кои претходно биле извадени од телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски со вештачење направено од МВР.

Една од тие фотографии е и онаа каде Јанева е фотографирана со мебелот кој при нејзиното апсење беше одземен од страна на Обвинителството за организиран криминал.

Ова го соопшти обвинителката Ивана Трајчева во случајот “Рекет”.

За отклучување на телефонот на обвинетата Катица Јанева марка “Ајфон” кој беше пронајден кај девојката од нејзниот син Лазар Јанев, обвинителката Вилма Русковска барала меѓународна правна помош од Министерството за правда на САД.

Обвинителството за организиран криминал и корупција барало од СЈО и лозинки од инкрептирани содржини на УСБ стикови, кои беа одземени при претресот во канцеларијата на ексспецијалната обвинителка, Катица Јанева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања