Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Реконструирани пешачките патеки на булеварот Борис Трајковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
IMG-ab572e7139bc323ccc551a020007ca34-V

Екипите на ЈП Улици и патишта - Скопје, во текот на изминатите денови работеа на реконструкција на пешачките патеки на булеварот Борис Трајковски, каде што екипите ги работат почетните земјани активности и на пешачката патека на улица Љубљанска кај „Сити Мол“ каде е асфалтирана дел од пешачката патека, а ќе се реконструира и останатиот дел во насока од булевар Партизански Одреди до булевар Илинден.

— реклама —

Деновиве продолжи и реконструкцијата на пешачките патеки во градскиот парк во просторот позади Луна паркот.

Екипите извршија интервентна санација на булеварот ВМРО и улица Загребска каде што имаше поголеми оштетувања на асфалтот, а во тек е и санација на бетонските жардињери на булеварот Партизански Одреди. Поставување на заштитни столбови имаше на булеварот Јане Сандански со улица Фрањо Клуз, на булеварот Трета Македонска Бригада и на улица Бутелска.

— реклама —

Обележување на хоризонталната сигнализација на булевар Кузман Јосифовски Питу и на крстосницата булевар АСНОМ и улица Беласица кај „Ист Гејт Мол“ и обновена вертикалната сигнализација.

Одговорните екипите за одржување на светлосната сигнализација покрај секојдневните санации на недостатоците на семафорите, деновиве ги поставија и новите одбројувачи на семафорите на крстосницата булевар Босна и Херцеговина со улица Кемал Сејфула.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања