Рекорден дефицит од 920 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
evra

Домашната економија годинава се очекува да забележи пад од -4,4 отсто од БДП според најновата владина проекција. Вториот ребаланс ја зголеми расходната страна за 4,2 насто или држваата планира да потроши рекордни 4,1 милијарди евра. Приходната страна останува непроменета односно ќе се соберат 3,1 милијарди евра од даноци и давачки. Министерството за финансии успеа од другите министерства и институции да скрати едвај 44 милиони евра непотребни трошоци. Првичните најави беа далеку повисоки, објави Алсат. 

— реклама —

Буџетскиот дефицит ќе достигне 8,4 отсто од БДП, или ќе изнесува 920 милиони евра. Бесими тврди дека дефициот ќе се покрие само од домашно задолжување преку депозитите што ги има државата и со издавање на краткорочни државни хартии од вредност.

Бесими не откри колку би изнесувал јавниот долг на државата, но со новото задолжување сигурно ќе биде нешто над 60 отсто од БДП.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања