Религија: Дали по 700 години черепот ќе се спои со телото на свети Климент?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mosti-sv-kliment

Дали верниците на Македонската православна црква-Охридска архиепископија ќе имаат историска можност, следната 2020 година да се поклонат пред черепот на свети Климент Охридски, за време на чествувањето на илјадагодишнината од основањето на Бигорскиот манастир? Оваа дилема сѐ уште останува отворена, откако пред три години тоа го најави лично архимандритот на Грчката православна црква, Порфириј, од манастирот во Верија, каде што се чува черепот на свети Климент Охридски. Отец Порфириј, при посетата на Бигорскиот манастир во 2016 година, рече дека е подготвен за големиот јубилеј од создавањето на манастирот да ги донесе моштите од черепот на првиот словенски епископ свети Климент.

— реклама —

Ако се оди според најавите и ако архимандритот на ГПЦ остане на своите заложби, тогаш следната 2020 година, по цели 700 години, черепот на најголемиот македонски духовник, кој се смета и за основоположник на Охридската архиепископија, повторно ќе биде во Македонија, објави Религија.мк.

— реклама —

– Се молиме да ја прославиме заедно илјадагодишнината на вашиот свет манастир овде и со нас да ја имаме меѓу нас и чесната глава на свети Климент. Таа чесна глава за биолошкото семејство од кое потекнувам честопати беше татко. Мајка ми од едната страна ја ставаше главата на свети Климент, а од другата спиеше таа, додека на средина ги ставаше децата. Јас од 2007 година сум во неговиот манастир. Светителот, самиот знае зошто, постојано ни ја покажува неговата љубов и неговата утеха. Секогаш кога децата на Претечата и на свети Климент од Бигорски доаѓаа во нашиот манастир, повеќето пати им велев на монасите да велат дека не сум таму. Зошто? Зашто се срамев што ние луѓето, наместо да ги бараме тие работи што нѐ обединуваат, ги бараме тие што нѐ разделуваат. Но, таму, во мрачната дупка на мојата ќелија, многу бедно си велев и си велам свети Клименте, ти се бореше за единството, за единството на Црквата. До каде ќе оди ова? Се срамам поради ова! И пред тебе, старче, и пред овие деца, кои повеќето од нив немаат бели влакна во брадите, и пред сестрите монахињи – вашите деца, се заветувам дека ова прашање на единството ќе остане да биде еден клин што гори и ми го ранува срцето. Колку што можеме ќе се бориме да покажеме дека ние ги љубиме православните христијани на Охридската архиепископија – рече во 2016 година архимандритот од манастирот во верија, г. Порфириј во говор пред монасите на Бигорскиот манастир.

— реклама —

Телото е на Плаошник

Черепот на првиот словенски епископ свети Климент Охридски се наоѓа во грчкиот манастир во Верија веќе седум века откако, според сознанијата, двајца монаси го зеле во моментите кога целосните мошти биле префрлувани од охридскиот храм „Свети Пантелејмон“, кој турските освојувачи го претвориле во џамија, првин во црквичката „Мал свети Климент“, а потоа во „Света Богородица Перивлепта“. Тие потоа главата веднаш ја однеле во овој манастир, кој е сместен на височините на планината Пиерија, во близината на градот Бер, односно, Верија, според сегашното грчко име.

Инаку, најголемиот дел од моштите на овој светител се чува во манастирот „Свети Пантелејмон“ на охридскиот Плаошник, а во Бугарија има две честички од моштите. Едната се чува во софискиот храм „Светите седумчисленици“, а втората е во храмот во Пловдив „Светите Kирил и Методиј“ и е подарена од МПЦ-ОА во 2008 година.

Текстот во целост на: Религија.мк 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања