ФБ статус на Фросина Ременски. Го пренесуваме во целост:
Оваа вест бара итна внатрешна истрага и реакција од МВР и тоа ВЕДНАШ !
Не заради тоа што се работи за кандидаткатата за министер за финансии, туку заради неопходната потреба да се заштити злоупотребата на службените евиденции на МВР за "сензационализам" со кој треба однапред да се фрли дамка на личност што треба да извршува важна државна функција.
Лесно проверливо е кој, од каде и во кој временски период влегол во базата за криминалистичка евиденција на МВР за да обезбеди "ексклузива" за сторен сообраќаен деликт.
Форматот во која е објавена веста потврдува за автентичноста на базата со која располага МВР.
Очекувам внатрешната контрола и МВР да си постапат по стандардните оперативни процедури и да откријат кој бара сензационализам со оддавање на класифицирани информации, напиша Ременски на ФБ.
https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/2559398067424765