Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Ременски: Идеологизацијата ќе вклучи мек македонски национализам кој нема да ги загрози социјалдемократските постулати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
remenski

Фросина Ременски, кандидатка за лидер на СДСМ, најавува дека ќе ја враќа социјалдемократската идеологија кај членството, особено кај младите. Во него ќе има место, како што вели, и за мек македонски национализам, но која нема да ги загрози социјалдемокатските постулати.

„ВРАЌАЊЕ КОН ИДЕОЛОШКИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ПАРТИЈАТА

— реклама —

СДСМ и социјалдемократските партии во Европа станаа идеолошки помалку препознатливи партии кон кои инклинираат граѓаните и младите.

Партијата ќе спроведува мека и организирана идеологизација на своето членство кое ќе може да се препознае во сите политики на социјалдемократијата.

— реклама —

Идеологијата како визија за општествените текови ќе биде во функција на јакнење на вредностите и колективната меморија на членството за настани (минати, сегашни, идни), лица и одлуки и промоција на незаборавот кој ќе обезбеди сеќавање, почит и континуитет на партиската историја и сите минати раководства.

— реклама —

Антифашизмот е темелот на социјалдемократијата.

Социјалдемократијата не ги дели граѓаните и членовите по етничка, верска, социјална и било која друга основа. Толеранцијата, недискриминацијата и забраната на говорот на омраза се висок приоритет и обврска за сите членови на СДСМ.

— реклама —

Идеологизацијата ќе вклучи мек македонски национализам кој нема да ги загрози социјалдемократските постулати, туку ќе ја зајакне државотворноста, стратешките определби од интерес за обединување на граѓаните и заштита на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет.

Ќе формираме интересовни јадра/групи на сите помали етнички заедници во рамки на СДСМ (Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Торбеши, Срби, Власи и др.), преку кои ќе се артикулираат вредности и потреби на заедниците со интеграциска сила и единство на идеи, независно од политиките на етничките партии“, напиша Ременски на својот фејсбук профил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања