Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Ременски: Имаме шанса да создадеме агенција што нема да биде злоупотребувана во политички цели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Slika-Remenski

Реформата на безбедносно – разузанавачки заедници во државата е особено потребна за обезбедување висок степен на ефикасност и успешно функционирање на безбедносните служби, посочи потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски, во своето обраќање на 90 седница на Собранието на Република Северна Македонија.

— реклама —

- Со овој закон, Законот за коориднација на безбедносно-разузнавачката заедница, за првпат по толку години, имаме шанса да конституираме агенција којашто нема да биде злоупотребувана во политички цели. Оваа реформа се отвора по неколку години години законско нерегулирање на безбедносните служби и можеби отткука, безбедносните структури свесно создавале можности за злоупотреба на службите, со тоа што ја оставале да делува надвор од законски утврдени рамки. Сега, имаме можност тоа да го корегираме и уредиме без да стравуваме дека во инднина ќе ни се случуваат работи што ги сведочевме во минатото, истакна Ременски Ременски посочи дека особено важно е реформите на безбедносните служби да не бидат сфатени како политички реваншизам, бидејќи нивната единствена улога е професионализирање на безбедносниот систем и негово ослободување од партиски и политички влијанија.

- Силно ќе се заложам оваа реформа да не добие епитет на политички реваншизам, бидејќи како пратеници и предлагачи на Законот не смее да си дзоволиме таков товар. Но во ниту еден случај не треба да дозволиме, реформата да ја прават оние кои биле директно вмешани во злоупотребата на безбедносните служби. Ќе сторам се за да имаме дебата во која ќе се вреднува професионализмот, но не оној професионализам што значи успешен и сомнителен транзит од една кон друга политичка структура, туку професионализам што треба да обезбеди лојалност кон државата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања