Ременски: Најголемите двигатели на заробената држава имаат верба единствено во Вилма Русковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
collage-1

Експратеничката на СДСМ и кандидат за лидер, Фросина Ременски, смета дека е интересно што бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, имаат доверба само во Вилма Русковска. Посочи дека тие двајца се двигатели на заробената држава, а сепак, доверба имаат само во шефицата на Обвинителството за гонење организиран кримианл и корупција.

— реклама —

„Многу интересно што овие, би кажала двигатели на оваа заробена држава, антисистеми, имаат верба единствено во Вилма Русковска. Знаете, јас го имам записникот од Јордан Орце Камчев што го дал пред... во кој што опишува настани, кажува што и како, мене ме нема во тој записник“, рече Ременски, по што Ефтов дополни дека и самиот Камчев на судењето за „Меѓународен сојуз“ каде беше сведок, кажал дека не ја познава, по што Ременски продолжи:

— реклама —

„Благодарна сум што не лажеше, а имаше сериозна кампања да биде наведен да лаже. Таму вели: ‘добил совети од поранешниот директор на УБК, Џони, кираџија на адвокатот на Орце Камчев. Камчев добива совети, повеќе совети, да снима, се да документира што се случува во неговиот дом, па со бугарски пријатели тој го имплементира. Интересно е што ‘рекетот’, што е изнуда во кривичното право, трипати го приајвил кај директорот на УБК, како овластено лице, кое било должно да го извести јавниот обвинител. Очигледно дека не било изнуда, туку друго. Слушнав дека некој треба и за поткуп да одговара, но ништо. Последното е советот што го добива од Горан Николовски, хард дискови и такви работи, единствено да ги предаде на Вилма Русковска. Тоа е едниот случај. Кога избега Сашо Мијалков, изворот на на Вилма, од 1 до 10, 7,5 точност, не кажува, па кажува кој е изворот, не овозможува на МВР да цени веродостојност.. Има процедура, обвинител не може да биде оперативец и да има извори, тоа може полицијата. Таа се попари во еден ден. Кажа дека Сашо Мијалков се јавил преку трето лице и единствено сакал да се пријави кај неа. Ако најголемите двигатели на заробената држава имаат верба единствено во Вилма Русковска, за што правиме муабет денеска?“, праша Ременски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања