„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ременски: Не гледам причина зошто политичар не би бил повикан во Јавно обвинителство, квалификации за тоа што правел меѓународниот сојуз ќе ги оставам на надлежните органи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Slika-Frosina-18-12

Речиси два часа во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пратеничката Фросина Ременски даваше искз за аферата „Рекет“.

— реклама —

Таа во изјава за медиумите појасни дека била повикана како лице од кое се земаат одредени известувања да даде одговор за се што е поврзано со случајот „Рекет" како и со Меѓународниот сојуз.

„Не гледам причина зошто политичар не би бил повикан во Јавно обвинителство. Очекувам Собранието да го донесе Законоот за јавното обвинителство. Ги отфрлам сите поврзувања со осомничените во „Рекет“ и најодговорно ги демантирам тие шпекулации“, истакна Ременски.

— реклама —

Во врска со тоа дали знаела за зделките и каде одат парите од Меѓународниот сојуз, Ременски  рече:

„Јас квалификации за тоа што правел меѓународниот сојуз ќе ги оставам на надлежните органи, по прашање на гриза на совест е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме одговорност и ситуации кога и другаруваме и сме во роднинска врска со луѓе кои сториле или не сториле нешто. Но, тоа не значи дека треба да имаме грижа на совест", истакна пратеничката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања