Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ременски: Немам никаква допирна точка со семејството Камчеви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
remenski

За бомбастични насловни страни беа добри, но не одговораа во контекстот во кои се кажани работите. Јас искрено дословно не се сеќавам на редоследот на таа комуникација, но можам да кажам дека е сигурно комуникација во тој медиумски интерес и екслклузива кои што ја бркаа медиумите во тој период. Ова во студиото на „Слободна ТВ“ во „Утрински брифинг“, го кажа потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, која ги коментираше смс пораките со Боки 13, а кои беа објавени на вчерашното судење за случајот „Рекет“.

— реклама —
— реклама —

-Во целиот тој период на збиени политички настани по однос на многу прашања со Уставот, Законот за амнестија, претопставува дека медиумски интерес бил многу повеќе фокусиран на решавањето на притворски предмет од СЈО и во тој контекст на медиумски интерес била и таа преписка. Ќе ја искористам оваа прилика, бидејќи се вадеа од контекст пораките од страна на некои новинари кои не ме побараа да дадам свое мислење за таа преписка, сакам да кажам дека најодговорно, по целосна материјалан и кривична одговорност, можам да кажам дека ниту во директна, ниту во индиректна релација и врска немам никаква допирна точка со семејството Камчеви, со Орце Камчев, ниту со случајот „Империја“, освен во оној временски период кога нашата политичка партија излезе со ходограм кој што го објавуваше тогашниот портпарол Петре Шилегов- рече Ременски.

— реклама —
— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања