„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ременски: Немам ништо против, ОЈО да испита каква е мојата почесна функција во навладината организација на Боки 13

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Пратеничката Фросина Ременски се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук. Таа се обрати кон опозицијата и напиша:

— реклама —

 

Да не ги оставам во грижи оние од ВМРО-ДПМНЕ кои здушно ме прозиваат на пресови деновиве, пред утрешната скара, продолжен викенд или излив на „патриотизам“ за празникот 2 Август - Илинден ...

— реклама —

Добро сум, ич да не се секирате !

Немам ништо против (Напротив!), ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во навладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам се што ги интересира, или за се што имаат дилема.

Секое ставање на моето почесно членство во невладина организација во контекст на актуелниот случај „Рекет“ е очајнички обид на „државнички поставената опозиција“ да фрли партиска боја на случајот кој треба/мора да добие разрешница, без навивање од партиски трибини и трибуни.

Со име и презиме стојам зад сите мои постапки кои се позитивни, одговорни и законити, до степен што многу често (до ден денес) пречеле на многумина.

Политичката култура и етиката не ми дозволува да делам лични квалификации, лекции за добро однесување и одговорност за дифамацијата, хибридната етика и субверзивната пропаганда. Тие лекции ќе добијат друга форма, пак со име и презиме.

До следниот прес, нека го истражат и моето почесно членство во Независниот синдикат на полицијата..., и таму зборувам и имам слики.

За многу години 2 Август - Илинден на сите граѓани на мојата земја која конечно, оваа 2019 година, и покрај сите квазипатриотски и стикер - азилантски „филозофии“ ќе го оствари вековит сон да биде во заедница со прогресивниот, демократски свет 🇲🇰

https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/2520204728010766

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања