Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Ременски: Од морални и од правни причини, Вељановски да поднесе неотповиклива оставка од Комисијата за надзор на безбедносните служби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Чувствувам потреба да дадам и друга изјава по однос на денешнава седница на комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање на кои што се разгледуваа годишните извештаи за работа на управата и на Агенцијата за разузнавање, истакна Фросина Ременски, потпретседателка и пратеничка на СДСМ.

Ако ги исправиме моралните дилеми од аспект на легитимноста и кредибилитетот на носењето на одлуките од страна на Комисијата, од аспект на тоа кој ги води комисиите, нема голема разлика морализирањето на статусот на Павле Богоевски на неутврдена вина и на неповедена постапка за истрага, наспроти статусот на пратеникот Трајко Вељановски на кој што ова Собрание не можеше да му го одземе имунитетот заради солидарноста на неговите сопартијци, а е под сомнение и при крај на поведување на обвинителен акт за здружување заради непријателска дејност односно за организација на насилните настани на 27 април во Собранието на Република Северна Македонија.

— реклама —

Тоа дополнително како пратеници, веќе сега не исправа и пред една многу посериозна дилема од аспект на тоа дали имателот на безбедносен сертификат ‘државна тајна’ обвинет за дела против државата, може и смее да гледа строго класифицирани документи и извештаи за работа на токму тие безбедносни служби кои што ги обезбедија доказите за учеството во организација на насилните настани во Собранието кои што се дела против државата.

— реклама —

Дополнително на ова, се навраќам на дебатата aпропо Законот за агенцијата за национална безбедност и обврската Комисијата за надзор да определува кои двајца членови ќе учествуваат, кои двајца пратеници ќе учествуваат во постапката на селекција на кадри на Управата и тоа ќе го прави Трајко Вељановски кој што е исто така на рамниште на осомничените и осудените за насилствата во Собранието на 27 април.

— реклама —

Јас го повикувам пратеникот Трајко Вељановски да си поднесе неотповиклива оставка и од морални и од правни причини од Комисијата за надзор на Управата за безбедност и контра- разузнавање и на Агенцијата на разузнавање бидејќи, прво е недостоен за вршење на функцијата пратеник на кој што побарање на Судот, Собранието не успеа да му го одземе имунитет и го прави потенцијален безбедносен ризик за користење на информации од класифицирана природа – државна тајна.

Овие прашања денеска му беа поставени и на директорот на Управата за безбедност и контра- разузнавање, дали не чувствува потреба да покрене постапка за преиспитување на безбедносниот сертификат – државна тајна, на пратеникот Трајко Вељановски.

Така што, ако веќе влегуваме во делот на морализирање од апстрактна природа овде имаме конкретна ситуација, од која што зависат легитимноста и кредибилноста на сите процеси во кои што влегуваме како држава, истакна Фросина Ременски, потпретседателка и пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања