Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Ременски: Сведокот Тодоровска под заклетва кажа дека лично ја познава Мила Царовска, дали вицепремиерката повторно ќе се заканува со тужба?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Вчера на судското рочиште за "Меѓународен сојуз", "сведокот" г-ѓа Лилјана Тодоровска на прашање на ЈО Ивана Трајчева, под заклетва по вторпат (прво пред ОЈО ГОКК, вчера пред Судот) експлицитно изјави (цит.):

— реклама —

"Имам лично познанство со Мила Царовска ..., бев во МТСП и го презентирав проектот ..., многу и' се допадна и ми кажа ден, место и време на основање на Меѓународниот сојуз преку кој може да се реализира проектот ...".

Ова е дел од изјава на сведок на ОЈО, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.

— реклама —

Ременски во објавата додава:

Минатата година кога ова "упатување во Меѓународен сојуз" во Суд го посочи Бојан Јовановски врз основа на исказ на госпоѓата пред ЈО , вицепремиерката Мила Царовска излезе со остар демант и најави тужба за клевета.

Во таа изјава на вицепремиерката таа нагласи дека, не ја познава г-ѓата Лилјана Тодоровска и дека не соработувала со неа.

Немам информации дали има тужба за клевета, но до објавување на овој статус чекав да видам дали ќе има демант и најава за тужба за клевета за "сведокот" г-ѓата Лилјана Тодоровска од (сега) министерката за образование и наука.

До сега нема❗

Има изјава на некои прашања на генералниот секретар на мојата партија за етички кодекс како стратегија за генерална одбрана, што нема врска со оваа сериозност.

🚩Дали отсуството на демант за изјавата на сведокот под заклетва пред Судот произлегува од потребата за легитимирање на статусот на овој (според сите полициски правила) дискутабилен "сведок" кој "не знаел ништо за ништо", или пак е опасност за "сведокот" и неговата кривична одговорност за давање на лажен исказ пред ЈО и на Суд под заклетва ⁉️

Добар PR за PR-обвинение мора за се признае, напиша Ременски на ФБ.

 

извор: ФБ Фросина Ременски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања