“Непосредната комуникација и увидот во работењето, но и во материјално техничките капацитети на сите организациони единици при МВР е важна и неопходна практика што денес ја реализираме и овде во Одделението за внатрешни работи Гевгелија. “.

Ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна посета на ОВР Гевгелија каде што се сретна со раководството на оваа полициска организациона единица, а по повод завршената санација и реконструкција на објектот на ОВР Гевгелија. Токму во таа насока министерот Спасовски нагласи дека – “не можеме да претендираме на позитивни резултати во работата, на ефикасност и успешност доколку полицијата, полициските службеници своето секојдневно работење го минуваат во субстандардни услови.

“Оттаму, сосема е разбирливо што денес во ОВР Гевгелија имаме можност, покрај другото, да направиме увид и во условите за работа на полициските службеници, особено сега кога, како што гледаме, веќе е завршена претходно најавената санација и реконструкција на објектот на Одделението за внатрешни работи Гевгелија, проект вреден околу 12.000.000 денари, пари обезбедени од наши средства, од буџетот на Министерството, а во рамки на концептот што го промовиравме и во континуитет го реализираме уште од 2017 година – за подобрување на материјалните, инфраструктурни и технички потенцијали на полициските организациони единици, на полициските службеници“, потенцираше Спасовски.
И во наредниот период продолжуваме со несмален интензитет и тоа во СВР Куманово каде ќе се изврши комплетна реконструкција и обнова на постоечките објекти каде што е сместено СВР Куманово,комплетна реконструкција и санација на објектот на ПС Ресен и ПО Ростуше.

Притоа министерот Спасовски заклучи дека - ,, остануваме посветени заедно со раководството на Македонскиот полициски синдикат и наш заеднички императив ќе бидат започнатите реформските процеси во безбедносниот сегмент, постојаното унапредување и подобрување на професионалните, социјалните, техничките услови за работа на полициските службеници на тој начин што во секој нов објект синдикатот ќе учествува со опрема или средства потребни во секојдневното работење на полициските службеници, за што сме убедени дека значително ке се унапреди ефикасноста и квалитетот на полициското работење.