Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Реновирана полициската станица во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
2-1

„Денеска имавме работна средба со раководството на ПС Кочани и со локалната самоуправа, а имам чест да ве информирам и дека завршивме со реновирањето на полициската станица. Можам да ве информирам дека безбедносната состојба на подрачјето на ПС Кочани и СВР Штип е стабилна, а полицијата бележи добри резултати во своето работење. Значителен пораст на откривачката дејност од 44%  е регистриран во областа на недозволената трговија со дрога на подрачјето на СВР Штип“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на Кочани, каде заврши реконструкцијата и санацијата на објектот на полициската станица, кој се реновира после четири децении.

— реклама —

„МВР продолжува со активностите за подобрување на условите за работа на полициските службеници и , како што може да видите, завршена е реконструкција и санација на објектот на Полициската станица од општа надлежност  Кочани извршена   во рамки на стратешкиот план на МВР за драстично унпаредување на материјално-инфраструктурните и технички услови за работа на сите наши полициски службеници. Така што сега полициската станица во Кочани веќе има сосема видоизменет обновен и функционален објект за користење, за чија што реконструкција и санација беа издвоени околу 7,5 милиони денари, средства одвоени од буџетот на Министерството за внатрешни работи“, рече Спасовски.

— реклама —

За раководството на МВР од исклучително значење се стандардите, условите за работа на полициските службеници, кои што објективно го претставуваат ликот на самото Министерство, односно ја даваат онаа прва и најважна слика и претстава за тоа како работиме, до кај сме стигнале, што треба уште да направиме како институција - сервис на граѓаните, но и еден од главните столбови на општеството во спроведувањето на законите и заштитата на сигурноста и безбедноста на сите наши граѓани на нивните материјални добра, на јавниот ред и мир.

— реклама —

„Тој мотив останува и натаму наша примарна цел, од која нема отстапување, така што ние и во текот на оваа година ќе продолжиме со интензивното подобрување на состојбата во која што се наоѓаат и работат полициските служби“, рече Спасовски.

Министерот Спасовски имаше средба и со градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев, како и со членовите на општинскиот совет и претставници на локалниот совет за превенција каде што се разговараше за сите прашања кои што се од взаемен интерес со цел да се зголеми соработката меѓу  граѓаните и полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања