Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Реновирани диското и задниот дел од дворот во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Диското и задниот дел од дворот во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ се реновирани во студенстка акција на членови на Младинскиот образовен форум што се спроведе од 1-ви до 18-ти месецов во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“.

— реклама —

Во студенстката акција се работеше на уредување на просторот на постоечкото диско каде што студентите ќе можат да одржуваат забави, како и дворот во студентскиот дом во кој студентите ќе можат да го поминуваат своето слободно време. Претходно таква акција се одржа во студентскиот дом „Стив Наумов“ каде беа реновирани читалната и дворот, а за месецов се планираат активности и во студентскиот дом „Гоце Делчев“ .

— реклама —
— реклама —

Целта на акциите е да поттикнат студентски активизам и самоорганизирање за адресирање на проблемите кои ги засегаат студентите-станари и волонтерски ангажман за нивно решавање.

— реклама —

Проектот „Студентски домови без корупција“ се спроведува од август 2018 до јули 2019, со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество- Македонија. Примарната цел на проектот е поттикнување на институциите на потранспарентно и поодговорно управување со студентските домови, како и вклучување на други институции, организации и правни лица за подобрување на условите во домовите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања