Репетирал автоматска пушка во казино во Скопје откако изгубил на апаратите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Casino

Откако претходно изгубил играјќи на ВЛТ апарати во казино во скопската населба Маџари, 27-годишен скопјанец излегол од казиното, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка, при што од вработените изнудил паричен износ од 22.500 денари.

— реклама —

Основното јавно обвинителство - Скопје информира дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против лицето за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.

— реклама —

- Осомничениот на 30 јануари, во казино на улицата „Жан Жорес“ во населбата Маџари, откако претходно изгубил парични средства додека играл на ВЛТ апарати, излегол од казиното и си заминал, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка. Оружјето го насочил кон оштетените вработени и го репетирал, влегол зад пултот и побарал да му ги дадат парите. Еден од вработените му дал паричен износ од 22.500 денари по што осомничениот си заминал, се наведува во соопштението.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот​.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања