„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Репортери без граници: Бавен напредок, закочени реформи, светла точка регистарот на ЗНМ и СЕММ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
reporteri

Денеска беше објавен овогодинешниот индекс на Репортери без граници кој ја мери слободата на медиумите во државите низ светот. Оваа година, Северна Македонија бележи скок од 3 места на оваа листа и сега се наоѓа на 92-то место од вкупно 180 земји во светот.

— реклама —

Во делот за нашата земја се наведува дека: „Треба да се забележат две револуционерни достигнувања во врска со саморегулацијата и работните стандарди на професионалните новинари: од една страна, создавањето на Регистарот на професионални онлајн медиуми (www.promedia.mk) кој има околу 120 члена, креиран од страна на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Оваа иницијатива ја промовира саморегулацијата на медиумите со тоа што ги обврзува да се придржуваат кон Кодексот на новинарите и да ги објавуваат одлуките на СЕММ. Од друга страна, потпишувањето на Повелбата за подобрување на условите за работа на новинарите и медиумските работници во дигиталните медиуми од страна на Синдикатот (ССНМ), во соработка со ЗНМ и СЕММ“, се вели во извештајот на Репортери без граници.

Еден од проблемите кои се издвоени во извештајот на Репортери без граници е финансирањето медиумите од страна на општините и покрај забраната за оваа практика. Освен тоа, се критикува и купувањето на простор во медиумите за промовирање на достигнувањата на Владата, нешто што наиде на осуда од Здружението на новинарите на Македонија.

— реклама —

Во извештајот се наведува дека бројот на физички напади врз новинарите и медиумските работници е намален, меѓутоа во пораст е бројот на сајбер-напади, а се дава критика и на застојот во реформирањето на јавниот сервис.

Според последниот индекс за слобода на медиумите, од соседството, пред Северна Македонија се: Грција на 65-то, Косово на 70-то и Албанија на 84-то место, додека зад нас се наоѓаат Србија, на 93-то место, Црна Гора на 105-то и Бугарија на 111-то место.

фото: ЗНМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања