Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Репортери без граници: Делумно слободни медиуми, нашата земја има скок од 14 места на листата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Отвореноста и транспарентноста даваат резултати: Северна Македонија со скок од 14 места на листата на медиумски слободи на Репортери без граници Владата на Република Северна Македонија го поздравува напредокот на земјата на листата на медиумски слободи што секоја година ја прави организацијата „Репортери без граници“.

— реклама —

Напредокот во 2019 година за 14 места на ранг листата на „Репортери без граници“ за состојбата со слободата на медиумите врз основа на податоците за 2018 година е значителен, и ја става нашата земја на 95 место за разлика од пред една година кога бевме на 109 позиција.

По стагнацијата и падот на медиумските слободи во годините пред 2017, овој напредок е сигурен показател дека преземените мерки и активности во делот на концептот за отворена влада, преку подобрување на степенот на транспарентноста и преку демократизацијата на медиумскиот амбиент, ги дава неопходните резултати.

— реклама —

Во насока на подобрување на слободата на медиумите, на предлог на Владата на РСМ се измени и член 1 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик од 5-ти февруари 2019 година, со што се отстрани обврската за Државната изборна комисија да врши мониторинг на електронските медиуми (порталите) за време на изборните процеси, што претставува позитивно решение во однос на укажувањата во извештајот.

Уверени сме дека ситуацијата ќе беше уште подобра доколку опозицијата не го кочеше усвојувањето на измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој поради кочењето со задоцнување помина во Собранието на РСМ во февруари оваа година. На односот на опозицијата укажува и наративниот извештај на „Репортери без граници“, во кој, исто така се констатира дека МРТВ сѐ уште „им служи на интересите на поранешната владејачка партија“, што наведува на заклучокот дека јавниот сервис мора да биде ослободен од какво било партиско-политичко влијание.

Владата на РСМ останува посветена на ставот дека медиумските слободи се столб на демократијата и дека концептот отворена влада е сеопфатен само со напредок во медиумските слободи. Затоа, Владата изразува целосна подготвеност за соработка со сите чинители со цел отстранување на недостатоците во полза на слободата на изразувањето во медиумскиот простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања