Тетовско-гостиварска епархија информира дека добиле решение од Општина Тетово за уривање на крстот кој е црковниот имот на Попова Шапка. Најавија дека ќе биде поднесена жалба.
„МПЦ ОА Тетовско-гостиварска епархија своите права во насока на разрешување на даденото прашање ќе ги штити преку достапните правни механизми. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на зачестените провокации и да бидат посветени на мирот и добрите меѓурелигиски односи“, велат од Тетовско-гостиварската епархија.
Од Општината објавија дека е донесена одлука за уривање на крстот
„Во Тетово има над 5.000 решенија за уривање разни објекти“, рекоа од Тетово.
Крстот на Попова Шапка беше поставен на 16 ноември на земјиште сопственост на МПЦ-ОА и храмот „Свети Наум Охридски Чудотворец“. На 18 ноември градоначалникот Касами изјави дека во согласност со ноиот урбанистички план може да се легализираат верските објекти.