„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Reuters откри детали: Ова е „мировната понуда“ на Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

Русија би се откажала од помали делови окупирана Украина, а Киев би морал да препушти големи делови од источната територија кои Москва никогаш не успеа да ги освои – тоа е рамката на мировниот предлог за кој, според извори на Reuters, разговарале Владимир Путин и Доналд Трамп на самитот во Алјаска.

— реклама —

Ова е првиот директен состанок меѓу двајцата лидери од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Зеленски патува во Вашингтон

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе отпатува во Вашингтон, каде ќе разговара со Трамп за можен крај на војната. Трамп призна дека на самитот не бил постигнат прекин на огнот, но во интервју за Fox News потврди дека со Путин разговарал за трансфер на територии и безбедносни гаранции за Украина, додавајќи: „Мислам дека сме многу блиску до договор. Украина мора да се согласи. Можеби ќе каже ’не’.“

Територија за мир

Според изворите, предлогот на Путин не предвидува примирје пред конечен договор. Москва бара Украина целосно да се повлече од Донецк и Луганск, додека Русија би ја замрзнала линијата на фронтот во Херсон и Запорожје.

Киев веќе одби слични идеи, со образложение дека Донецк е клучна одбранбена бариера и дека предавањето би било „црвена линија“.

Што нуди Москва?

Враќање на мали делови од Харкoв и Суми – околу 440 км².

Задржување на Донбас (6600 км²) – Донецк и Луганск, кои Русија ги смета за свои.

Признавање на анексираниот Крим – најмалку од САД, а можно и од цел Запад.

Делумно укинување на санкциите – без прецизирање дали станува збор за американски или европски мерки.

Блокада за НАТО членство на Украина, но отворање простор за „гаранции за безбедност“ – Трамп наводно зборувал за модел сличен на членот 5 од НАТО, „надвор од Алијансата“.

Руски јазик и црква – Москва бара официјален статус на рускиот јазик и целосна слобода за Руската православна црква.

Спорни услови

Украина во уставот има впишано стратегиска цел за членство во НАТО, а парламентот донесе и закон за ограничување на руските верски организации, поради обвиненија дека служат како алатка за шпионажа и пропаганда. Законот сè уште не е стапен во сила.

Во Киев, дипломатските кругови веќе предупредуваат дека ваквата „понуда“ повеќе личи на план за капитуалација отколку на праведен мировен договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања