Ријана повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, претставувајќи ја најновата колекција на својот бренд за долна облека „Savage X Fenty“.
Популарната пејачка, која во последните години е повеќе посветена на модниот и бизнис-светот отколку на музиката, позираше во чипкана долна облека, комбинирана со подвезици и проѕирни чорапи. Изгледот го надополни со впечатлив накит, вклучувајќи огрлица и прстени.
Фотографиите за само неколку часа собраа повеќе од еден милион лајкови, а обожавателите ја преплавија објавата со комплименти за нејзиниот изглед.
„Кралица“, „Изгледаш неверојатно“, „Никогаш не престанувај“, но и „Сакаме нов албум“, беа дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.
Иако фановите со години го очекуваат нејзиниот музички камбек, Ријана во моментов е фокусирана на развојот на своите модни брендови, со кои продолжува успешно да го освојува светскиот пазар.