Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Рикер и Петровска разговараа за актуелната состојба во државата, осврнувајќи се на соработката на Битола со американската амбасада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1-1-1

Во посета на Општина Битола денес престојуваше висока делегација од САД и амбасадата на САД во Република Северна Македонија, предводена од амбасадорот Филип Рикер, вршител на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. На средбата во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, присуствуваа и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Кејт Мари Брнз, специјалниот асистент на амбасадорот Рикер, Лахлин Сопер, како и шефот од политичко-економскиот оддел Шенон Рунион.

Поранешниот амбасадор на САД во нашата земја Филип Рикер изрази задоволство што повторно има можност да ја посети Битола и да ја претстави новата амбасадорка на САД Кејт Мари Брнз, која за прв пат престојува во официјална посета на Општина Битола.

— реклама —

— реклама —

На средбата со градоначалничката Наташа Петровска, тие разговараа за актуелната состојба во градот и државата, осврнувајќи се на одличната соработка која градот Битола го има со американската амбасада во Република Северна Македонија. Битола е градот кој има стратешка позиција и во економскиот и во политичкиот живот во земјава, истакна вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер.

— реклама —

Градоначалничката Петровска ги посочи заложбите за натамошна соработка и се заблагодари на поддршката која градот Битола секогаш ја добива од страна на САД, како што е случај и со оваа посета на високата делегација предводена од амбасадорот Рикер.

Филип Рикер од денес е во посета на Република Северна Македонија, а по Битола, во текот на утрешниот ден ќе се сретне со државниот врв и претставниците од политичките партии во земјава.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања