„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Рикер: Направивте огромен чекор напред кон место во НАТО и ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
riker

Историјата е училиште, а не затвор. Направивте огромен чекор напред кон место во НАТО и ЕУ, а трансатлантската заедница останува темел на надворешната политика на САД. Идниот американски помошник државен секретар Филип Рикер во Скопје ја истакна поддршка за земјава, но и за регионот кој и натаму се соочува со големи предизвици, во свет полн со турбуленции.

— реклама —

-Пресреќен сум што сум тука. Особено сега кога Северна Македонија направи огромен чекор напред кон нејзиното место во Европа и во НАТО… Цели 27 години меѓусебната недоверба и историските несогласувања меѓу Скопје и Атина го блокираа патот напред, изјави Рикер во Скопје.

Рикер упати пораки до сите земји во регионот дека се соочуваат со опасности и од геополитички, но и од внатрешен аспект.

— реклама —

-Европа денес без одрекување е центар на геополитичко натпреварување. Во последните години Москва се обидуваше насилно да ги прецрта границите во Европа, ги малтретираше нејзините соседи, лансираше дезинформирачки и дестабилизирачки кампањи против Западот и воено се засилуваше на нејзините граници. До каде ќе оди во нејзиното малигно влијание беше јасно по обидот да го спречи членството на Црна Гора во НАТО, каде што отиде толку далеку што поддржа пропаднат обид за насилно менување на владата во Подгорица“, рече Рикер. Според него Кина, со платформата 16+1 и инцицијативата за градење патишта и други проекти сака да го прошири своето глобално присуство и, како Русија, да ја намали солидарноста на Западот. САД и Европа, заклучи тој, мораат да работат заедно за да осигураат дека Западот останува најатрактивниот модел за модерни и слободни општества.

-Трансатлантската заедница останува темел на надворешната политика на САД. Европската унија е еден од нашите најблиски партнери во голем број меѓународни напори. Додека другите можеби сакаат да го свртат вниманието на нашите разлики, во реалноста ние се согласуваме многу повеќе отколку што не се согласуваме. САД остануваат железно посветени на Членот 5 од договорот за НАТО, кој значи дека напад врз секоја земја членка е напад врз сите членки – рече поранешниот американски амбасадор во Македонија Филип Рикер.

Рикер се сретна со шефот на дипломатијата Никола Димитров кој му посака успех во извршувањето на новата функција помошник државен секрета и со кого разменија мислења за новата реалност во земјава. Попладнево ќе има средба и со премиерот Заев. Ова е прва посета на Рикер на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која во почетокот на годинава се повлече Вес Мичел.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања