Рики Мартин проговори за тужбата против него: „Вистината преовладува“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
martin

Откако внукот на Рики Мартин, Денис Санчез (21) се откажа од тужбата за инцест, пејачот се огласи на социјалните мрежи.

— реклама —

Откако случајот беше отфрлен, „TMZ“ доби видео од говорот на Рики Мартин, кој истакна дека до сега молчел во согласност со законите на Порторико.

— реклама —

„Денеска сум пред камери, затоа што навистина морам да разговарам за да започне процесот на заздравување, две недели не смеев да се бранам бидејќи ја следев процедурата, законот ме обврза да не зборувам додека не излезам на суд и дознаам дека овие тврдења се лажни. Беше толку болно. Беше поразително за мене, за моето семејство, за моите пријатели. Не му го посакувам ова на никого. На личноста која ја тврдеше оваа глупост, му посакувам се најдобро - и сакам да најде помош за да може да започне нов живот исполнет со љубов, вистина и радост - и да не повредува никого. Мојот приоритет сега е да оздравам и како да се опоравам? Со музика. Едвај чекам да се вратам на сцената. Едвај чекам да се вратам пред камерите и да ве забавувам, тоа е она што најдобро го правам.

— реклама —

Благодарам на сите мои пријатели. Им благодарам на сите кои секогаш веруваа во мене. Немате поим колку сила ми дадовте со секој коментар што го напишавте на социјалните мрежи. Ви посакувам љубов и добри работи - и тука сме со истата сила и страст“, ​​изјави Рики Мартин.

Тој исто така објави статус на социјалните мрежи: „Вистината преовладува“.

Да потсетиме, внукот го обвини Рики Мартин за инцест, откривајќи дека наводно биле во емотивна врска седум месеци. Се шпекулираше дека пејачот може да добие казна од 50 години доколку биде прогласен за виновен.

Вчера беше закажано онлајн судење каде Рики Мартин ја претстави својата страна од приказната преку Zoom.

Но, случајот доби епилог, внукот се откажа од тужбите, а пејачот се врати на она што најмногу го сака, а доказ за тоа е видеото кое пејачот неодамна го објави на инстаграм на кое се гледа како напорно вежба за претстојните настапи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

58236303-0-image-a-2_1653418077519

Полицијата му нареди на Рики Мартин да се држи настрана од своето поранешно момче: „Не сака да ја прифати разделбата“

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања