Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Ристески: Денес се гледаат последиците од неработењето на СДСМ за студентите 7 години, ВМРО-ДПМНЕ работи на целосна обнова и подобрување на студентскиот стандард

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryq4ng3b92ng9b7vy3MrA

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ за седум години власт не изградила ниту еден нов студентски дом и ги оставила студентите во лоши услови.

— реклама —

На прес-конференција, членот на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Ристески, изјави дека претходната власт покажала негрижа и потценувачки однос кон студентите.

Тој посочи дека со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ започнала реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје.

— реклама —

Ристески обвини и дека СДСМ не успеала да ги заврши зградите на ФИНКИ и ФФК, иако проектите биле наследени како започнати.

— реклама —

Според него, актуелната власт работи на откочување на процесите и подобрување на студентскиот стандард.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека повеќе од 50.000 студенти добиле ваучери од 250 евра, дека е проширен опфатот на студентскиот оброк и дека се зголемени стипендиите.

— реклама —

Најавија и реконструкција на вкупно девет студентски домови низ државата, реконструкција на објектите на ФИНКИ и ФФК, како и модернизација на високото образование преку воведување е-индекс и дигитализација на универзитетите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања