Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ристески: Оваа пазар влада е за месец плус, тендери и арамилак на народните пари за Ковачевски, Ахмети и Груби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Зошто власта ги менува овие министри почнувајќи од министерот за здравство, министерот за информатичко и општество и тој за дијаспора. Премиерот во неговото експозе нема наведено ниеден збор ни што работеле, како сработиле, зошто ги менува, дали е задоволен, ини зошто ги менува, ни зошто ги поставил. Што да зборуваме кога ни самите дојдоа да кажат за една година што сработиле, ни има некаков документ да кажат, што сработиле, ништо, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на денешната собраниска седница.

— реклама —

Тој посочи дека резултатот на она што се работело во изминатата година на оваа неспособна влада го гледаме денес во денешните вести, смрт на пациенти.

— реклама —

- Не можете да направите и реновирате болници, ни хигиената не може да ја држите. Има хакиран систем во ФЗО, протестира здравството и оној медицински персонал кој некако останал во државава ќе го избркате. Зошто не најде премиерот време да потпише средства за лекот за болните од цистична фиброза? Заради трошењето време на пазарлак со партиите, кој ќе добие фотелја, тој не најде време за овие луѓе кои му протестираа пред владата, рече тој.

— реклама —

Нагласи дека оваа реконструкција, овој пазар ова лицемерие не е ништо друго освен купување на време, купи ден помини влада.

— реклама —

- Ова е само продолжување за некој месец на власта на Ковачевски, Ахмети и Груби, уште некој месец тендери, арамилак на буџетот и народните пари, нагласи тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања