Промени тема
Контакт

Ристески за Карпалак: Сите овие измешани чувства уште повеќе го зголемуваат нашиот немир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
karpalak3

Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески на својот Фејсбук профил сподели статус поврзан со крвавиот масакр на Карпалак пред точно 18 години.

— реклама —
— реклама —

-Поминаа 18 години од крвавиот масакр на Карпалак. 18 години неизмерна болка и тага во нас преживеаните, директни учесници во овој крвав настан и непребол за загинатите. Многу сме потиштени како роднини, другари, пријатели на загинатите борци, а пред сè како Прилепчани и Македонци!

— реклама —
— реклама —

И денес, по толку изминати години од овој настан, во нас длабоко останаа испреплетени чувства на: ТАГА И БОЛКА, за прерано изгубените млади човечки животи од кукавичката рака на сторителите; РАЗОЧАРАНОСТ, бидејќи сторителите останаа недопрени и никогаш не се најдоа пред лицето на правдата, а надлежните институции не се потрудија доволно да го направат тоа; ПРЕДАВСТВО од страна на одговорните лица, кои дозволија нашиот конвој да биде упатен необезбеден и неподготвен, директно во челустите на злосторниците; ЗБУНЕТОСТ, прашувајќи се дали ние бевме мета за отстрел во фингираната војна во 2001-та година?…ГОРДОСТ, затоа што несебично и храбро застанавме на браникот на нашата Македонија, за разлика од многу други кои свесно избегнуваа; ИЗИГРАНОСТ, бидејќи денес сме неми сведоци на распродажбата на националните интереси и сè што е стекнато со крв и пот…како и овој настан-КАРПАЛАК! Сите овие измешани чувства уште повеќе го зголемуваат нашиот немир… Ова е денот кој буди спомени, денот на кој им оддаваме почит на загинатите борци. Почивајте во мир херои наши! Соборци мои…во вечна борба за правда… Да ни е вечна Македонија, како што е вечна борбата за неа!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања