Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ристоска за „Макфакс“: Поднесувам претставка за дискриминација, мислењето за Советот на обвинители е јавно познато

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Обвинителката Ленче Ристоска ќе поднесе претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако претседателот на Советот на јавни обвинители, Анотнио Јолевски, посочи дека за неа немаат извештај, а еден период поминала и на трудничко. Меѓудругото, тој за причините за неизборот рече: “Кога сме кај Ленче, ние четири години побаравме извештај за работа. Таа е во моментов на породилно, и да ја избереме ќе биде на породилно”.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Ристоска за „Макфакс“ посочува дека не сака да го коментира нејзиниот неизбор, а нејзиното мислење за Советот смета дека е познато на јавноста.

— реклама —

„Не гледам потреба повторно да ја коментирам работата на Советот, кога моето мислење е јавно познато. Што се однесува до изјавите во кои околноста што користам породилно отсуство се врзува со подобноста за мој избор во Вишото јавно обвинителство Скопје, за истите ќе поднесам претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Сепак не е прв пат да се соочувам со дискриминаторски изјави и затоа сметам дека треба заштитата на моите права да ја канализирам и институционално“, рече Ристоска за „Макфакс“.

Јолевски, вчера, кажа дека Ристоска може да си конкурира и по третпат за виш обвинител. Тој го спомена и нејзиното трудничко отсуство.

— реклама —

„Кај Ленче имаме недостаток на работа по предмети во овој период, зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала и во Вишото обвинителство. Немаме извештај за неа за последните четирите години, таа еден период е и на трудничко отсуство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област. Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотреба“, кажа Јолевски.

Ристоска во април, упати јавни критики кон Советот на обвинители. Тогаш, Јолевски најави и дисциплинска постапка, бидејќи ставовите од обвинителката не им се допаднаа и сметаа дека се спротивни на правилата кои ги имаат.

— реклама —

„Јасно е дека Советот на јавни обвинители е извор на тргuвање со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал, рече обвинителката“, кажа Ристоска на панел дискусија.

По изјавата на обвинителката Ристоска, Советот на јавни обвинители одлучи да се обрати до Етичкиот совет на јавните обвинители за да одлучи дали таа треба да одговара за јавно искажаните критики.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања