Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Ристовска Додевски: Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Филипче и Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarydg22fncs3sfq8kieSbj

Советничката во Општина Центар, Диана Ристовска Додевски, денеска на прес-конференцијата упати критики до градоначалникот Горан Герасимовски и локалната власт, посочувајќи дека жителите на улицата „Охридска“ во Маџир Маало подолг период се соочуваат со сериозни проблеми поврзани со градежните активности во овој дел од општината.

Според Ристовска Додевски, состојбата на терен создава секојдневни потешкотии за жителите, кои, како што рече, се принудени да се движат низ прашина и градежен шут.

— реклама —

Таа посочи дека движењето по тротоарите е значително отежнато, особено за родители со детски колички, лица со попреченост и повозрасни граѓани, кои често мораат да се движат по коловозот заедно со возилата.

„Недозволиво е со години да не се реагира на проблемите со кои се соочуваат жителите на Маџир Маало. Граѓаните заслужуваат безбедна инфраструктура и нормални услови за живот“, истакна Ристовска Додевски.

— реклама —

Таа го повика градоначалникот Горан Герасимовски лично да ја посети локацијата и да даде одговори за тековните градежни активности, како и за мерките што ќе бидат преземени за надминување на проблемите.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Општина Центар итно да преземе активности за расчистување на состојбата на терен и обезбедување безбедно движење за жителите на овој дел од општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања