Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Ристовска: Ја бараме довербата од граѓаните и дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на сите нас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

lence-press

„Сакам да ве уверам во име на сите обвинители и во име на целиот истражителски тим дека  примарен интерес е зачувувањето на интегритетот на СЈО“, истакна на денешната пресс конференција обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска.

Ристовска уште додаде дека дека целиот тим на СЈО вклучувајќи ги и оние кои се на одмор, стои зад целата работа која ја завршиле, како и зад тоа дека сите судски постапаки кои се започнати да бидат заврши со пресуди.

— реклама —

Таа појасни дека е тука во нејзино име и во име на СЈО и го почитува начелото на презумција на невиност.

— реклама —

„Нема информации дека специјалната обвинителка е опфатена со таа истрага. Ја бараме довербата од граѓаните и дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на сите нас кои работите со висок професионален интегритет. Апелираме да се расчистат сите случувања за да може и натаму професионално СЈО да продолжи да работи", додаде Ристовска.

— реклама —

Одговарајќи на новинарски прашања, Ристовска кажа дека за оставката на Јанева слушнале истиот ден кога и беше обелодената истата во јавноста, поточно кратко време пред да биде напишана на сајтот на СЈО.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања