„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ристовски: Околу новиот Закон за Јавното обвинителство со опозицијата имаме приближување на ставовите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
29072019_ZMP_Oliver-Ristovski_izjava_1

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски, денеска, по средбата во Владата меѓу претставници на Владата и опозицијата, околу новиот Закон за Јавно обвинителство, со кој треба да се регулира и статусот на СЈО, изјави дека со опозицијата биле отворени темите за финансирање на Обвинителството воопшто и темата за одговорноста на обвинителите.

— реклама —

„Тука имаме приближување на ставовите, во делот на зголемувањето на Буџетот што би го имало Обвинителството во Република Северна Македонија. Значи да го зголемиме Буџетот на Обвинителството, како би добиле поголема самостојност како орган. Разговаравме и за изнаоѓање модуси за поголема одговорност на вработените и на самите обвинители. Во овој момент имаме приближување на ставовите, мислам дека тука можеме да изнајдеме заедничко решение во Законот“, рече заменик министерот Ристовски.

Тој додаде дека состаноците и разговорите за Законот за Јавното обвинителство, кој е во собраниска процедура, а за кој меѓународната јавност даде позитивна оценка за текстот, ќе продолжат и во текот на оваа недела и дека  измените кои ќе се договорат, ќе одат амандмански во Собранието.

— реклама —

zugwZd8FnOE

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања