„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

РКЕ ги соопшти новите цени на горивата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Според одлуката на РКЕ, цената на бензините не се менува, додека цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар.

— реклама —

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 25.11.2019 година, и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

— реклама —

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,229 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,186 ден/кг.

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања