РКЕ има издадено лиценци за 400 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
soncevi-kolektori-640x434

За петнаесет месеци Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за 400 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Станува збор за вкупна инсталирана моќност од 191,6 MW што е приклучена на мрежа за една година и три месеци и со која може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка од десет градови: Охрид, Тетово, Кратово,

— реклама —

Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен, Дојран, Дебар и Виница.

— реклама —

„Во првото тромесечје од 2023 година Регулаторна комисија за енергетика издаде лиценци за 133 фотонапонски електроцентрали со моќност од 39,4 MW. Ако се гледа кумулативно со претходната година од кога стартуваше т.н Елдорадо за инвестиции во обновливи извори, во земјава на мрежа се вклучени капацитети со инсталирана можност од 191,6 MW, со која може да се задоволат потребите на близу 76 000 домаќинствата со просечна потрошувачка, односно може да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата од десет градови. За да може да се искористи енергијата од Сонце и во текот на ноќните часови во фаза на изработка сме на правила што ќе ја регулираат процедура во поставувањето на батериите пред се како комплементарен, но и засебен дел од секоја изградена централа.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за

— реклама —

енергетика.

Во 2022 години РКЕ им издаде лиценци на вкупно 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталиран вкупен капацитет од 152.2 MW. Од нив 106.5 MW се ФЕЦ, додека 36 MW се за ветерни електроцентрали, а 7,2 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за тероелектроцентрали на биогас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања