„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

РКЕ: Издадени се над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
22042021_PVRSM_FotovoltaiciBrvenica-1

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали. Најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали, односно до сега во оваа година имаме издадено лиценци за 86,8 MW инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали,

— реклама —

додека  6,4 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за тероелектроцентрали на биогас, или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 MWh. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа.

„ Оваа количина на електрична енергија од над 95 МWh од обновливи извори на енергија гледано во апсолутен износ е и повисока од производството на ХЕЦ Козјак и со истата може да се задоволат потребите за  27.100 домаќинства. Ваквите приватни иницијативи во време на енергетска криза се покажаа како решение за многу стопанственици кои со инсталирање на фотонапонски електроцентрали ги намалија значително  трошоците за електрична енергија и произведената електрична енергија ја користат за задоволување на сопствени потреби. Во сончеви периоди и денови овие потрошувачи коишто имаат инсталирано фотонапонски електроцентрали во најголем дел ги задоволуваат сопствените потреби и поради тоа немаат потреба да набавуваат електрична енергија од снабдувачите со електрична енергија и истата да ја плаќаат.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања