РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на останатите производи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
struja

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани  наводите дека зголемените цени на електричната енергија ќе ги зголеми цените на производите.

— реклама —

„Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се однесува само за регулираниот пазар на електрична енергија. Најголем дел од индустриските и комерцијалните потрошувачи сами набавуваат електрична енергија на слободниот пазар по цени коишто не ги определува Регулаторната комисија за енергетика. Цената на електричната енергија на слободниот пазар во Северна Македонија во 2020 година е пониска за приближно 9% во однос на 2019 година, што значи дека и трошокот за електрична енергија на индустриските и комерцијалните потрошувачи во 2020 ќе биде помал во однос на 2019. Во наредниот период индустријата ќе има пониски трошоци за електрична енергија во споредба со 2019 година и тоа позитивно ќе влијае врз нејзиното работење во овие кризни времиња“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања