Роберт Де Ниро го напуштил снимањето на два филма: „Најлошото искуство во кариерата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Медиасет
media-libraryuu9l25snmgai3nD2nM2

Легендарниот актер Роберт Де Ниро признава дека двапати во својата кариера морал да се повлече од проекти среде снимање, затоа што едноставно не функционирале.

— реклама —

Првиот пат се случило во 1970-тите, кога го напуштил комичниот филм „Bogart Slept Here“, режиран од Мајк Николс. Иако бил на врвот на кариерата со улоги во „Улиците на злото“, „Кум II“ и „Таксист“, Де Ниро почувствувал дека улогата и атмосферата на сетот едноставно не се вистински. Снимањето траело околу две недели, а Де Ниро подоцна призна дека тоа било „ужасно искуство“. Во финалната верзија, неговата улога ја презел Ричард Драјфус.

— реклама —

Вториот пат Де Ниро го напуштил проектот „На ивицата на темнината“ по само една недела снимање. Неговото место го зазел Реј Винстон, додека главната улога ја презел Мел Гибсон. Причините за повлекувањето биле „креативни разлики“, според портпаролот на актерот, кој истакнал дека понекогаш едноставно проектите не успеваат.

— реклама —
O-beV4YN6Vw

Де Ниро истакнува дека одлуката да се повлече не е знак на слабост, туку резултат на искуство и препознавање кога нешто не функционира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања