Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Rockstar ја отвора продажбата на GTA 6 – еве кога ќе може да се нарача

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Магазин
media-librarybk8l23aoas933MzRiwv
screenshot youtube

Компанијата Rockstar Games, преку својата матична компанија Take-Two Interactive, потврди нови детали поврзани со долгоочекуваната видеоигра GTA 6, вклучувајќи го и датумот кога ќе започнат преднарачките.

— реклама —

Според објавените информации, преднарачките за „Grand Theft Auto VI“ ќе бидат отворени на 25 јуни, што дополнително ги зајакнува очекувањата дека играта навистина ќе биде објавена на најавениот датум – 19 ноември.

— реклама —

Во изминатиот период имаше шпекулации за можни нови одложувања, но најавата за почеток на продажбата сугерира дека развојот на играта се одвива според планираната динамика. Дополнителен аргумент за тоа е фактот што Rockstar во минатото евентуалните одложувања ги соопштуваше неколку месеци однапред, а до официјалното излегување сега остануваат помалку од пет месеци.

GTA 6 важи за една од најочекуваните видеоигри во последната деценија, а нејзиното пристигнување предизвикува огромен интерес кај гејмерската заедница ширум светот.

— реклама —

Играта првично ќе биде достапна за конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X/S, додека засега нема официјална потврда кога би можела да биде објавена и верзија за персонални компјутери.

— реклама —

Од Take-Two најавуваат дека во текот на летото ќе започне и засилена маркетиншка кампања, со нови информации и промотивни материјали поврзани со играта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања