Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Родилката која скокна од прозорец на ГАК го поттикна Меџити: Од септември кампања за подигање на свеста кај бремените жени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, најави кампања за подигање на свеста ка бремените жени за консултации со психолог и психијатар. Министерот рече дека токму немилите настани како оној со родилката која скокна од прозорец на Гинеколошко-акушеркста клиника понекогаш може да поттикне преземање мерки.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Тоа што јас го презедов како министер е дека некаде од септември – октомври ќе почнеме една кампања за подигнување на свеста и кај и кај бремените жени, ни и за редовни консултации со психолог, психијатар. Знаете, некогаш ќе се случи некој несакан, немил настан за да не поттикне да почнеме да преземаме поостри мерки за некоја работа, во некој правец. Така ќе постапиме во иднина“, рече министерот Меџити.

— реклама —

На извештајот за случајот со родилката од стручната комисија која тој ја формираше се уште се чека, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе утврди дека ГАК направиле пропуст со тоа што не и обезбедиле психијатар.

— реклама —

39-годишна родилка, неколку дена откако роди здраво бебе, на почетокот на минатиот месец скокна од прозорец на ГАК, беше во критична состојба и по дванаесет дена почина.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања