„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Родителите кои имаат деца со подолг престој во болница во Скопје ќе може да престојуваат во „Родителската куќа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
roditelska-soba-1

„Среќен сум што денеска ја отворивме „Родителската куќа“, со која ќе им помогнеме на родителите што не се од Скопје да имаат топол привремен дом за да можат да им бидат најголема поддршка на своите деца кои се на подолг престој во болница и се борат со канцер на хемато-онколошкото одделение. Нема да дозволам повеќе родителите да спијат кај роднини, по околните подруми во куќите околу клиниките и автомобилите, додека нивните деца се борат за живот. Отсега, тие ќе имаат свој дом. Но, исто така, родителите ќе имаат и психолошка поддршка која е најважна за нив во тие моменти“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

— реклама —

Како министер, здравствен работник и родител ќе сторам се за децата, бидејќи тие се нашиот најголем приоритет. Изградбата на „Родителската куќа“ е заеднички проект на Министерството за здравство и Здружението на граѓани „САНО“ од Скопје.

— реклама —

 

Инаку во родителската куќа изградени се четири апартмани во кои ќе има комплетно уредени бањи. Родителите кои ќе престојуваат во куќата ќе може да ги користат заедничките простории како кујна, трпезарија и дневна соба. За децата кои ќе престојуваат во оваа родителска куќа ќе има посебно опремена соба за едукација и разонода, како и библиотека. Престојот во куќата и појадокот ќе биде бесплатен, а во куќата ќе може да престојуваат само оние родители кои ќе добијат препорака од одделенските лекари и директорот на Детската клиника, каде се лекуваат децата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања