Управниот суд ќе одлучува за иднината на првачињата кои останаа надвор од училишните клупи бидејќи се невакцинирани. Група на родители застапувани од адвокатското друштво Давидовиќ – Јанковиќ веќе поднеле тужба поради кршење на уставното право за задолжително образование. Адвокатот Давидовиќ е дециден дека сите деца треба да бидат во училиште додека судот не донесе одлука. Вели дека здравство нема право да се меша во делот на образованието и затоа покрај тужбата до обвинителството поднеле и кривични пријави против министрите Филипче и Адеми како и директори на училишта поради злоупотреба на службената должност, објави Сител.
- Се крши уставното право за задолжително образование, да ги исклучувате и да создавате необразовани деца во 21 век. И министерот за обраозвание не го почитува Уставот, иако и вакцинацијата е задлѓителна но во друг сегмент, во основното образование нема таков услов. Ако веќе функционираат, а не фунцкционираат, требаљло порано сите деца да бидат вакцинирани а не сега на 7 години да го тераат да прима вакцина која е на 9 месеци. Ако добеме негативна одлука ќе одиме до Стразбур, вели Звонко Давидовиќ, адвокат од адвокатско друштво Давидовиќ Јанковиќ.
И додека родителите правдата ќе ја бараат на суд, министерот за здравство не отстапува – вакцинацијата останува задолжителна за упис во училиште и градинка.