Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Рокот за пријавување на јавниот повик за патронажна дејност за медицински сестри е продолжен до 10 јули

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
medicinski-sestri

Информираме дека рокот за пријавување на јавниот повик за изразување интерес за работа во службите на патронажна дејност за медицински сестри е продолжен до 10 јули.

Министерството за здравство ги поканува сите заинтересирани медицински сестри да се пријават со доставување писмо за интерес до Министерството за здравство.

— реклама —

Согласно Законот за здравствената заштита, на јавниот повик можат да се пријават медицински сестри со завршено средно, вишо или високо образование во траење од три години, пробна работа и положен стручен испит.

— реклама —

Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи - здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности од примарна здравствена заштита и во единиците во кои се врши дејноста.

— реклама —

За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, во кое задолжително треба да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од дипломата за завршено образование, копија од положениот стручен испит и јавната здравствена установа за која се изразува интерес според местото на живење.

Пријавата, заедно со документацијата потребно е да се достави во писмена форма до архивата на Министерство за здравство, ул. „50 Дивизија“ бр.14, 1000 Скопје, најдоцна до 10.07.2019 година, со назнака: ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за работа во службите за патронажна дејност за медицински сестри.

Оваа мерка се спроведува со цел зајакнување на службите за патронажна дејност во рамки на здравствените домови и општите болници со проширена дејност на територијата на Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања