Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Роковите за исполнување на препораките од УНЕСКО течат, до каде сме ние?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Opstina_Ohrid-900x312

Роковите за исполнување на препораките од УНЕСКО за заштита на Охрид и на Охридско Езеро се одамна изминати, а досега се исполнети само некои, и тоа, пред сѐ, административните. Дел од активностите се запрени поради пандемијата од корона вирусот, а друг дел допрва треба да почнат.  Во јавноста, која постојано сведочи информации и фотографии за изградени парапетчиња на плажите, ѓубришта покрај езерото или изјави на локални властодршци што „баш ги брига“, се шири впечатокот дека состојбите на теренот се влошуваат, објави prizma.mk.

— реклама —

Министерот без ресор, Едмонд Адеми, кој беше владин претставник на седницата на Комитетот лани, во разговор за БИРН го отфрли тврдењето дека Владата лобирала да се избегне прашањето за Охрид, додавајќи дека таа нема никаква можност да влијае врз дневниот ред.

И Антикорупциската комисија ѝ препорача на Владата да ги преземе надлежностите од општините Охрид и Струга за да се справи со дивоградбите.

— реклама —

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, пак, вели дека локалната самоуправа прави сѐ што може, но дека ѝ треба поголема поддршка.

— реклама —

„Ние имавме само еден градежен инспектор, сега имаме тројца. Но, голем дел од општината, како стариот дел и крајбрежјето, е во надлежност на државата. Тука треба да интервенира Државниот градежен инспекторат, но тие немаат ниту еден инспектор стациониран во Охрид.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, дека „баш му е гајле“ дека го напаѓаат невладините за дивоградбите и дека ќе дозволи уште да се гради.

— реклама —

Текстот во целост на:  prizma.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања