Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Романија го затвори рускиот конзулат во Констанца по нападот со дрон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library7svkgqi75ov6eCvqhx5

Романија одлучи да го затвори рускиот генерален конзулат во Констанца и да го протера рускиот конзул, откако руски дрон удри во станбена зграда во градот Галац, при што беа повредени две лица.

— реклама —

Одлуката била донесена на итна седница на романскиот Совет за национална безбедност, свикана по инцидентот во кој дрон од типот „Геран-2“ удрил во десеткатница во Галац, предизвикувајќи експлозија и пожар во стан на деветтиот кат.

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Русија сноси целосна одговорност за инцидентот и потврди дека рускиот генерален конзул во Констанца е прогласен за непожелна личност.

— реклама —

Во нападот две лица биле пренесени во болница, а околу 70 станари биле евакуирани од зградата.

— реклама —

Претседателот Дан соопшти и дека разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој изразил целосна солидарност со Романија и потврдил дека Алијансата е подготвена да го брани секој дел од територијата на земјите членки.

Романското Министерство за надворешни работи го оцени инцидентот како сериозна ескалација од страна на Москва, додека министерката за надворешни работи Оана Цоиу изјави дека случајот ги исполнува условите за активирање на членот 4 од НАТО, кој предвидува консултации меѓу сојузниците кога е загрозена безбедноста на една земја членка.

— реклама —

Според романското Министерство за одбрана, од почетокот на руската инвазија врз Украина, остатоци од беспилотни летала на романска територија биле пронајдени вкупно 47 пати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 16 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 18 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања