Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Романските власти потврдија: Руски дрон „Геран-2“ погоди зграда во Галац

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarymbnighj8pjm7e6duRO5

Романското Министерство за одбрана потврди дека беспилотното летало кое се урна врз станбена зграда во градот Галац било од типот „Геран-2“, руска верзија на иранскиот дрон „Шахед-136“, кој Москва масовно го користи во нападите врз Украина.

— реклама —

Според првичните информации, целото експлозивно полнење на леталото детонирало во моментот на ударот. Во инцидентот се повредени две лица, а истрагата сè уште е во тек.

Стручни тимови од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и романската разузнавачка служба вршат увид на местото на несреќата за да ги утврдат сите околности околу инцидентот.

— реклама —

„Геран-2“ е таканаречен камиказа-дрон за еднократна употреба, кој носи експлозив и намерно се урива врз целта. Леталото е долго околу 3,5 метри, има распон на крилјата од 2,5 метри и може да носи боева глава од неколку десетици килограми експлозив. Благодарение на ниската цена, Русија ги користи овие дронови во голем број за напади врз енергетска, пристанишна и цивилна инфраструктура.

— реклама —

Романското Министерство за одбрана остро го осуди инцидентот, оценувајќи дека станува збор за нов предизвик за безбедноста во регионот на Црното Море.

„Овие неодговорни постапки на Руската Федерација претставуваат закана не само за безбедноста на романските граѓани, туку и за колективната безбедност на НАТО“, соопшти Министерството.

— реклама —

Инцидентот предизвика реакции и во НАТО, од каде што претходно порачаа дека внимателно ја следат ситуацијата и ја осудуваат руската „непромисленост“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 16 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 18 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања