„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ромео: Одложувањето на датумот за отпочнување преговори на Северна Македонија со ЕУ е историска грешка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
karlo-romero

Одложувањето на датумот за отпочнување на преговори на Македонија со Европската Унија е историска грешка.

— реклама —

Италија ќе направи се што е во нејзина моќ да ја поправи оваа грешка и вашата земја да почне со преговорите што е можно побрзо, порача денеска амбасадорот на Република Италија во земјава, Карло Ромео на дебатата  „Ја избирам Европа: Што по октомври 2019? Предизвици за европскиот пат на Република Северна Македонија", што се одржа во организација на Здружението Млади европски федералисти – Македонија – ЏЕФ Македонија во Скопје.

Италијанскиот амбасадор смета дека за државава нема друга алтернатива освен европскиот пат, а како што вели, позицијата на Италија во однос на нашиот процес на добивање датум за отпочнување преговори со Европската Унија отсекогаш била јасна, отворена и искрена.

— реклама —

– Италија ќе направи се што е во нејзина моќ да ја поправи грешката што е можно побрзо и да го остави прозорецот отворен за Северна Македонија. Како Италија, ние сакаме да го почнеме процесот на отворање на преговорите. Отворени сме за повторно разгледување на можностите на механизмот и методологијата на преговорите. Ќе продолжиме да соработуваме со Европската Комисија, за да ги надминеме разликите и да добиеме позитивна одлука што е можно побрзо, рече Карло Ромео.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања